30 | 09 | 2014
За компанијата
Следете не на:

Начин на производство

Процесот на производство се одвива во неколку делови:

  • Прием на суровина (готови плочи) – Магацин на суровина

Суровината ја увезуваме од странство , сертифицирана и декларирана ,не содржи UV-зацврстувачи за печатарски мастила ,ослободена од фотоиницијатори односно не содржи количества од TDI(Toluol -2,4 –diisocyanat) .Произведени во соодветствие на Европските  нормативи за установување на општите принципи и барања на законодавството во областа за безбедност на храна .Суровината доага како трослоен –тривал,петослоен-петвал,микровал картон во плочи заштитена од влага ,топлина ,стречирана со цел квалитетот на картонот да се зачува на едно високо ниво.

  • Кроење и печатење на картонските плочи

Од магацинот за суровина картонската плоча оди во одделение за кроење (штанцање)и печатење .Према потребите на потрошувачите се крои во соодветни димензии и се печати во дизајн и боја према потребите и барањето на потрошувачите.Печатењето е со флексо боја на водена база сертифицирана и декларирана како нетоксична боја која може да се користи во производи наменети за пакување на храна,безбедна по здравјето на лугето кои работат со неа и безбедна за околината.

  • Лепење на искроена картонска плоча со скробни лепила
  • Врзување, стречирање, декларирање и складирање во магацин за готов производ.
  • Испорака на готов производ

Готовите кутии и гајби ги испорачуваме со сопствен превоз или потрошувачите ги превземаат од нашиот магацин. За квалитетот на готовиот производ се грижат и одговараат добро обучени и соодветни лица.